Четврток ќе донесе привремена стабилизација на времето. Мала облачност претпладне, попладне умерена, а слаб краткотраен дожд е можен попладне во осоговскиот и северозападниот регион. Денот ќе биде потопол.
Според метеопро.мк, максималната ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 33°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува претежно сочнево време со мала до умерена облачност попладне.Минималната температура ќе се спушти до 16°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 30°С.
Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува сончево време со умерена облачност. Денот ќе биде за нијанса потопол, а максималната дневна температура ќе достигне околу 27°С.
Дојран очекува топол и претежно сончев ден со максимална температура околу 32°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.