| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими ужива во Марибор, гол од пенал за македонскиот репрезентативец против Зрињски

Агим Ибраими се врати во Марибор и игра одлично во старата средина, откако направи кам-бек од италијанскиот прволигаш Калјари. Македонскиот репрезентативец денеска беше еден од најдобрите фудбалери на теренот во победата против Зрињски од 2-0 и заслужено прослави пласман во третата квалификациска рудна во Лигата на шампионите.

Ибраими учествуваше во акцијата за првиот гол што во 45. минута го постигна Вршиќ, а потоа и самиот погоди од пенал во 57. минута за конечни 2-0 и пласман понатаму.

Репрезентативецот на Македонија од 2011 година до лани играше за Марибор, од каде премина во италијанскиот прволигаш Калјари како позајмен играч, па се врати летово во редовите на словенечкиот шампион. Противник на Марибор во третото квалификациско коло ќе биде Макаби Тел Авив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top