Стефан Вујчиќ постигна интересен гол за Работнички низ нозете на голманот на Хелсинки, Тернаес, но македонскиот првак сепак не успеа да мине понатаму, во третата квалификациска рунда од Лигата на шампионите.
Одличниот играч за врска на „романтичарите“ упати удар од далечина, а топката го изненади голманот на финскиот шампион. Мина низ нозете на Тернаес, но не се смета двојно, како што на шега се вели во маалскиот фудбал. Работнички загуби со 1-2 во Хелсинки и се прости од натпреварите во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


