Македонскиот шампион Работнички загуби со 1-2 од Хелсинки во реванш дуелот од второто квалификациско коло за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите, што значи и елиминација по скопските 0-0.
Хелсинки со два гола набрзина поведе со 2-0 и до крајот ја задржа предноста и оди понатаму. Стефан Вујчиќ со гол во 47 минута намали на 1-2 и ги врати надежите за продолжување на европското лето на „романтичарите“. Сепак македонскиот првак немаше сили да го репризира вчерашниот подвиг на Металург против Железничар и комплетно да ја анулира предноста на противникот.
Финците ќе играат во третото квалификациско коло против кипарскиот преставник АПОЕЛ од Никозија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


