Шест милионитиот „ауди“ (Audi)автомобил со куатро (quattro) погон излезе од производната лента на фабриката во Инголштад, а пред само 18 месеци беа произведени пет милиони вакви автомобили.
„Ауди“ ќе го произведе јубилејот автомобил SQ5 со 3.0 TDI мотор и секако куатро погон во сива металик боја.
Производството на овој модел го одбележува новиот рекорд и глобалниот успех на „ауди“ кватро- погонот на сите четири тркала. Првиот „куатро“ автомобил од „ауди“ со постојан погон на сите тркала беше произведен во далечната 1980 година, оваа врвна технологија до денес крстосува на сите светски патишта. Со околу 170 куатро верзии, брендот со четири прстени е лидер меѓу производителите на премиум автомобили и нуди најголем избор на возила сокуатро погон на сите тркала.

– Динамиката и спортскиот дух, како и најголема техничка прецизност и безбедност е она за што се залага „ауди“ со својата куатро технологијата. Повеќе од 30 години, брендот е лидер во технологијата која овозможува погон на сите четири тркала. Денес куатро е синоним со технички напредок – изјави д-р Хуберт Валтл, член на одборот на директори за производство во „Ауди АГ“
Тој додаде дека исто како што во февруари 2013 година, „Ауди“ го прослави својот пет милионити автомобил со постојан погон на сите тркала, брендот многу брзо прославува уште еден голем рекорд – шест милиони куатро автомобили.
– Веќе 30 години, успехот на куатрп е мотивација за производствениот тим, кој доследно и ефикасно го имплементира системот на „ауди“ – додаде д-р Валтл.
– Експертизата на нашите колеги, кога станува збор за погонот на сите четири тркала, е импресивна. Со тоа се докажува нашиот слоган „Напредок низ техника” и е значаен придонес кон имиџот на брендот – изјави Петар Мош, претседател на одборот за општи работи во „Ауди“.
Според Мош, без нивниот квалификуван и флексибилен тим, овој рекорд немаше да биде можен за толку кратко време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


