Истрагата која се води интензивно ќе покаже дека Игор Спасовски најверојатно го испланирал трагичниот настан, пишува „Утрински весник“.
Неофицијално, во возилото „форд фокус“, со бугарски регистарски таблички (КА 1678 БК), кое што во понеделникот беше обезбедено со полициска линија, било пронајдено проштално писмо напишано од Спасовски. Според истите сознанија тој во возилото оставил извесна сума пари. Се говори дека се работи за сума од 26.000 денари кои што требало да бидат употребени за неговиот погреб, а наводно, во дел од писмото тој го најавил настанот кој ќе се случи само малку по неговото пристигање во населбата Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром


