
Активностите од увидот за несреќата на полицискиот хеликоптер кај Струмица кои се во надлежност на МВР се завршени, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на граничниот премин „Блаце“.
Според неа, истрагата сега е во рацете на Јавното обвинителство.
– Истрагата се одвива максимално професионално. Во интерес на истрагата не можам да соопштам повеќе детали, но во однос на процедурата се завршени сите првични дејства од увидот. Завршено е собирањето на материјалните докази, како и првичните вештачења по однос на основните параметри за летот на хеликоптерот, кои можат да се утврдат без преслушување на црните кутии, како и вештачење на трагите пронајдени на лице место – вели Јанкулоска.
Јанкулоска нагласи дека истрагата се одвива со очекуваната динамика, а во интерес на истражните дејствија засега не се открива дали 120-метарската антена во која удрил хеликоптерот била соодветно осветлена. Во хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули, животот го загубија четворица пилоти на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


