Американската актерка Џенифер Анистон ќе се мажи во март со сценаристот Џастин Терокс и тоа во кругот на најблиските пријатели, соопшти извор близок на двојката.
Анистон и Терокс се верија во август минатата година и сега планираат да прават свадба по завршување на последниот филмски проект на Анистон. Актерката своето презиме ќе го замени со презимето на идниот сопруг.
– Мислам дека се совршени еден за друг. Имаат исти работни навики и сакаат да се надополнуваат. Џенифер изгледа дека е полна со самодоверба. Мислам дека ќе бидат совршен тим – вели изворот.
Неодамна низ медиумите почнаа да кружат гласини дека Анистон е веќе трудна. Таа отсекогаш говорела дека би сакала да има дете, посебно откако го запозна Џастин, но нема да биде разочарана ако тоа не се случи во брзо време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.