| четврток, 6 декември 2018 |

Вуди Ален: Разочаран сум од моите филмови

vudi-alen

Американскиот режисер Вуди Ален (78) изјави дека е разочаран од сите свои филмови кои ги снимил досега.

– Секогаш сум разочаран. Голема е разликата меѓу она што сакаш да го направиш и како ќе излезе на крај. Си велите: Ема Стоун ќе ја изговори таа реченица и ќе биде супер, ама после на снимањето Ема не сака да ја каже таа реченица бидејќи е комплициррана или времето не е добро или мора да ја менувате локацијата – вели Вуди Ален.

Тој признава дека сака да гледа некои сцени од филмовите кои ги снимил, но вистината е дека тој не ужива во филмовите.

– Ја сакам онаа сцена во „Тажната Јасмин“ кога Кејт Бланшет потполно ќе ја загуби контролата. Или пак сцената во која Џонатан Рис Мајерс флертува со Скарлет Јохансон на масата за пинг-понг. Луѓето заборааваат дека таа тогаш имаше само 19 години – додава Ален.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top