| четврток, 6 декември 2018 |

Како до привлечно тело на плажа?

капење

Иако соблекувањето во костими за капење може да биде одличен мотиватор за диета и летна фитнес програма, кога ќе започне да ви недостасува време може да ве фати блага паника. За да ги спречите нервозите, следете ги овие неколку едноставни совети.

1. Правилно одбраниот костим за капење може да направи чудо. Одберете го така што ќе ги нагласува вашите најдобри страни, а ќе ги прекрие вашите недостатоци.

2. Користете модерни детали за да го креирате вашиот стилизиран изглед, па купете прекрасен пешкир, очила за сонце, летни нараквици, сандали…

3. Совршено депилираното тело, педикирот и маникирот може да направат чуда!

4. Иако од целулитот не можете да се решите за само еден ден, масажата и кремата против целулит ќе го поправи моменталниот изглед на нозете и задникот.

5. Квалитетна пудра, ББ крема или крема која го изедначува вашиот тен е одлична за прекривање на недостатоците. Правилно одбраната нега на кожата е половина од изгледот.

6. Морате сепак малку да ослабете? Тоа за жал за еден ден не можете да го направите, но можете да ја лажирате тенката фигура со производи кои не ви го дујат стомакот. Овошјето и зеленчукот се одлична исхрана за вакви денови.

7. Од газираните сокови префрлете се на незасладената лимонада.

8. Започнете со неколку стомачни вежби. Направете максимален број на стомачни вежби и така продолжете сè додека не одите на плажа. Ќе има видливи резултати, само после неколку дена, верувајте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top