| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен осомничениот за убиството на старецот од Велес (ВИДЕО)

Секторот за внатрешни работи Велес го расчисти случајот со убиството на 90 годишниот Јован Ц. Од Велес чиешто тело беше пронајдено минатата недела, пточно на 17.07. во кругот на СОУ “Кочо Рацин“ во Велес. По спроведена неколкудневна интензивна истрага, врз основа на обезбедени оперативни сознанија и информации, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело “убиство“ СВР Велес го приведе лицето З.Д. (48) од Велес.

rascisteno ubistvo svr veles 23.07.2014

Според првичните сознанија убиството се случило на 17.07 околу 17 часот во дворот на велешката гимназија при што осомничениот кој инаку бил бездомник, искористувајќи го моментот кога Јован Ц. му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството осомничениот од џебот на Јован Ц. земал околу 200 денари и заминал.

По приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството. Истиот вчера попладне беше изведен пред надлежен Судија на претходна постапка од ОС Велес кој му изрече мерка притвор во траење од 48 часа. По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top