| четврток, 6 декември 2018 |

Европските успеси носат пари, Металург ќе ја пополни касата со 390 илјади евра

Европските фудбалски успеси, секој бод, победа и особено пласман понатаму носи солидна заработка, а касата се полни со стотици илјади евра во секое квалификациско коло.

Вчера скопски Металург направи подвиг го елиминира Железничар со реми, 2-2, во Сараево и за пласман во третата квалификациска рунда во Европа Лигата си заработи дополнителни 140 илјади евра, или вкпуно досега 390 илјади евра. Само за учество во филтер рундата на пат до пласман во фазата по групи, УЕФА им плаќа на клубовите по 120 илјади евра, Металург го мина и второто коло со две победи против Санта Колома, со што инкасира дополнителни 130 илјади евра, а евентуален нов успех во следното коло веројатно против кипарска Омонија ќе значи нов приход и што е уште поважно чекор поблиску до остварување на сонот и пласман во фазата по групи.

Досега ниту една македонска екипа не играла во фаза по групи, ниту во Лигата на шампионите, ниту во Европа Лигата на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top