Најдобриот колумбиски играч и најдобар стрелец на светското првенство во Бразил со шест гола Џејмс Родригез вчера беше официјално преставен на стадионот на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабеу.
Тој вчера официјално го потпиша шестгодишниот договор со „кралевите“ и ќе заработува по седум милиони евра по сезона плус бонуси.
Целиот трансфер тежи повеќе од 80 милиони евра, а неговиот поранешен клуб Монако неможеше да остане рамнодушен од налетите на Реал Мадрид да го ангажира овој млад фудбалер.
Со овој договор Џејмс Родригез стана четвртиот најскап фудбалер во историјата на фудбалот по неговите нови соиграчи во Реал Мадрид, Герет Бејл, Кристијано Роналдо и играчот на Барселона Нејмар.
Родригез на неговиот нов дом Сантијаго Бернабеу го пречекаа 45.000 верни навивачи на Реал Мадрид. На стадионот присуствуваа и голем број на колумбијци кој му дадоа подршка на фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)