| четврток, 6 декември 2018 |

Превентивни прегледи во скопското село Стајковци

lekari pritisok

Здравствениот Дом Скопје-Скопје денеска во село Стајковци, општина Гаи Баба ќе реализира акција во рамки на проектот за превентивни прегледи на Министерство за здравство „Здравје за сите-рурална средина“.

Акцијата ќе се одвива од 8:30-13:30 часот, а во тек на акцијата ќе се мери телесна тежина и висина, шеќер и холестерол во крв и крвен притисок.

Тимовите се составени од лекар, медицинска сестра и лаборант.

Целта на акцијата е превенција и рана детекција на кардиоваскуларните и метаболните заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top