Во текот на вчерашниот ден, околу 19.35 часот, во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација
Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот.
Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од с.Стајковци, скопско. Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.