Под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“, Здружението Интеракција плус од Скопје организира нова голема акција, која ќе трае до 1 ноември оваа година.
Здружението Интеракција плус организира бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти.
Прегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и проценка од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала.
Целта на акцијата е да не остане непрегледано ни едно дете и да има што помалку деца со говорни проблеми.
За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се обратат на телефоните: (071) 973362 и (078) 245484, секој работен ден од 13-20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.