Инспекциски и други надлежни служби утрово започнаа активности по Решението за уривање на Мостот на желбите кој ја спојува населбата Канео со центарот на Охрид, пишува „Охридњуз“. Во решението се наведува дека таканаречениот Мост на желбите е дивоградба и истиот треба да се отстрани.
На лице место покрај инспекциските служби се и концесионерите на плажите во населбата Канео, како и жители од Стар град и новинарски екипи.
Засега не се започнати конкретни активности за уривање на мостот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.