Доброволно продолжување на работниот стаж за една две или најмногу три години. На вчерашната владина седница донесени се две мерки кои значително ќе ги зголемат работничките права.
Од сега изборот на старосна пензија зависи само од работникот. Така, мажите ќе може да си го продолжат работниот век до 67 години, а жените до 65 години. Работодавачот кој нема да ја почитува одлуката на работникот ќе биде казнет во висина од 3 илјади евра.
Со втората мерка се поттикнува редовното вработување. Од сега сите што се ангажирани преку авторски договор со плата над минималната, наместо само персоналец ќе им биде подмирено и пензиско и здравствено осигурување.
Мерките според Ставревски ќе придонесат кон приближување на Европските искуства. Тоа позитивно ќе се оддрази и врз невработеноста во државава која во континуитет се намалува.
Работниците што ќе сакаат да го продолжат работниот век ќе мора да се изјаснат една година претходно, најкасно до 31 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)