Две дечиња на возраст од седум и девет години останаа без својата мајка и тетка откако денеска за нив непознат маж им ги уби најмилите пред влезот во нивниот стан, по што самиот си го одзел животот. Се уште во шок, првото прашање што му го упатиле на полицаецот кој се обидел да ги заштити од стравотната глетка и да ги изнесе од станот било: Кога ќе дојде мама да тргнеме за Грција?”.
Од полицијата денеска го потврдија двојното убиство и самоубиство во станот на петти кат на улицата “АВНОЈ” 44.
Во времето на убиството двете деца биле во станот, меѓутоа, најверојатно не биле директни сведоци на убиството на нивната мајка и тетка. Пукотниците во полиција и брза помош ги пријавиле соседите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа