| четврток, 6 декември 2018 |

Упорноста на Металург добар патоказ за македонските клубови (видео)

metalurg-2

Вистински раритет за македонските клубови, особено во фудбалот и во европските купови е да се анулира негатива и тоа на гостински терен и со пресврт да се стаса до успех. Металург вечерва покажа дека во домашното првенство има квалитетни играчи, тимот од Автокоманда одигра со срце, храбро и успеа да анулира негатива од 0-2 против Железничар во Сараево, што носи пласман во втората квалификациска рунда во Европа Лигата.

Марјан Радески и Миле Крстев постигнаа прекрасни погодоци, и првиот и вториот во вистински момент, за заслужено славје на Металург и како добар патоказ за нашите клубови дека никогаш не треба да се предаваат.

metalurg-3

Железничар кој е гигант на фудбалската сцена на поранешна Југославија поведе со автоголот на Додевски во 16. минута, а во 54. минута Бајиќ зголеми на 2-0. На првиот меч во Скопје мрежите мируваа, па тренерот на Металург фрли се на една карта, на офанзива, што се исплатеше.

Радески по еден час игра постигна прекрасен гол за намалување на негативата на 1-2, а ветеранот Миле Крстев во 92. минута со гол од слободен удар израмни на 2-2.

Погледнете ги головите на вечерашниот меч во Сараево и начинот на кој Металург направи подвиг и си обезбеди двомеч веројатно со кипарска Омонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top