| четврток, 6 декември 2018 |

Неонацистите се реална закана за Европарламентот

Загриженост во Европа од подемот на националистичките и екстремно- десничарските партии што може да доведе до зголемување на бројот на нивни преставници во Европараламентот

evropski-604x272Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром предупредува на опасноста од успесите што би можеле да ги постигнат националистичките и екстремно-десничарските партии на изборите за Европарламентот во 2014 година.

– Тоа е реална закана, вели Малмстром. Според нејзино мислење, екстремно-десничарските партии стануваат се посилни во Европа погодена од економската криза, при што истовремено ја подобруваат својата соработка преку создавање на заеднички европски платфроми.

Францускиот Национален фронт, унгарскиот Јобик, се веќе присутни во Европскиот парламент. Тие,  смета Малмстром, се гласни, но имаат мошне мало влијание.

– Но доколку подобро се организираат и станат една од поголемите пратенички групи во Европарламентот, тогаш тоа навистина би бил загрижувачки развој, предупредува Малмстром, која вчера зборуваше на Народната и одбранбена државна конференција во Селен, Шведска.

– Постои премногу изразена тенденција да се лови во матни води, потенцираше Швеѓанката Сесилија Малмстром, нарекувајќи го третманот на Ромите од страна на некои земји како дамка на срамот во Европа.

И шведската министерка за ЕУ и демократија Биргита Олсон е вознемирена од можните успеси на десничарските екстремисти на ЕУ-изборите.

– Сега и чисти неонацисти ќе учествуваат, како Златна зора во Грција, вели Олсон.

Таа посочува дека екстремно-десничарските партии во Европа имаат нова стратегија и станале социјално активни за да освојат поширока поддршка.

Како пример ги наведе грчките десничарски екстремисти кои им помагаат на социјално загрозените жени и делат храна на сиромашни граѓани, како и германските неонацисти кои организраат божиќни прослави за самохрани мајки и основаат спортски клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top