Се работи за двојно убиство во кое жртви се две сестри од Скопје на возраст од 31 и 34 години. Едната жртва е Наташа, 34 години, а другата Билјана на возраст од 31 година. Убиецот Игор (36 години) дошол во станот каде што се случило убиството, ја начекал на врата Билјана, која била дојдена на кафе кај својата сестра Наташа. Ја терал да се врати назад по што почнала расправија. Во расправијата извадил пиштол и ги убил двете, по што се самоубил. Пиштолот е пронајден покрај телото на убиецот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата поради претходно прекршување на законите. Бил извршител на кривично дело во 2004 година – загрозување со опасно оружје при тепачка. Убиецот се познавал со Наташа, но не биле во брак – велат од МВР по денешното убиство и самоубиство во скопски Аеродром.
Наташа била мајка на две малолетни деца на возраст од 7 и 9 години. Децата биле сведоци на убиството на својата мајка и на својата тетка. МВР допрва ќе ги испитува малолетните деца. Наташа се подготвувала да замине на одмор со децата во Грција. Но, Игор го прекинал одморот на триесет и четиригодишната мајка на двете дечиња.
Истрагата сѐ уште е во тек. Ќе се испитуваат точните причини поради кои Игор го извршил убиството.




фото: Ѓорги Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром


