
фото: РЕПУБЛИКА
Двете убиени жени не биле во роднинска врска со убиецот, велат соседите од зградата со број 44 на булеварот АВНОЈ. Според нив, убиената жена не му била сопруга на убиецот. Таа била разведена. Не знаат каква е релацијата меѓу убиените и убиецот. „Прес 24“ објави дека децата што сведочеле на убиството, на возраст од 7 и 10 години, воопшто не го познавале човекот кој ја убил нивната мајка и нејзината сестра. Сестрата, пак, најверојатно, била на гости бидејќи таа воопшто не живеела во станот на петтиот кат во зградата со број 44 во скопски Аеродром, каде што се случил хоророт.
Според соседите, жената работела во продавница за кинеска роба во истата населба. За мажот велат дека го познаваат како поранешен боксер.
МВР најавува прес-конференцијата во 13.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


