| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс Родригес нов член на Реал Мадрид и му ја лапна „десетката“ на Лука Модриќ

Џејмс Родригес ги мина медицинските прегледи во Реал Мадрид и вечерва ќе биде промовиран како ново засилување на „кралскиот клуб“ и актуелен првак на Европа.

Родригес ќе го чини Реал околу 70 милиони евра, а индиректно настрада Лука Модриќ, кој ќе мора да се откаже од дресот со број 10. Колумбискиот репрезентативец ќе ја носи „десетката“ во клубот од Мадрид, бројка која веќе ја пикираше Хрватот. Модриќ сакаше да го смени дресот со број 19 и да ја добие „десетката“, но очигледно е дека новата аквизиција на Реал, Родригес, ја доби битката и тој ќе го добие дресот со бројот 10.

Трансферот е шести најскап во историјата на Реал Мадрид, а од нив четири вклучувајќи го и овој се дело на Флорентино Перез. Во друштво на Родригес се и Зидан, Роналдо и Бејл, кои имаа мега-трансфери во ерата на Перез.

Џејмс ќе биде третиот Колумбиец што го носел дресот на најтрофејниот европски клуб, а ќе има незгодна задача да гхо поправи впечатокот на претходните двајца, Фреди Ринкон и Едвин Конга, кои се покажаа во скромно издание во белиот дрес на „кралскиот“ клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top