| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо на еден татко: Ти благодарам, Путин што го уби моето единствено дете

index

Татко на 17-годишна девојка која загина во авионската несреќа на „Мелезија ерлајнс“ му напиша отворено писмо на претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Ви благодарам многу, господине Путин, водач на сепаратистите и украинската влада за убиството на моето единствено дете – му напиша Холанѓанецот Ханс де Борст во јавното писмо кое го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Ќерката на Де Борст, Елсемиеке, беше една од 298-те лица што загинаа во авионската несреќа откако авионот на „Малезија ерлајнс“ беше урнат на територијата на источна Украина. Девојката патувала во Малезија со својот полубрат, мајката и со очувот.

– Таа имаше само 17 години и беше ученичка во гимназијата во Ден Хаг. Тргна на одмор во Малезија. Следната година требаше да матурира и многу се радуваше. Сакаше да се запише на факултат за технички науки за да биде инженер и сега одеднаш не е тука. Се надевам дека сте горди на себе бидејќи ѝ го уништивте нејзиниот и уште многу други животи. Се надевам дека ќе бидете во состојба да се погледнете во огледало – напиша неутешниот татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top