Секси и разголени сцени карактерситчни за неа, вака изгледа и новиот видеоспот на хрватската пејачка. Северина во придружба на бендот „Министарке“ денеска точно во 11 часот ја промовираше новата песна „Уно моменто“.
Во новото видео, Севе се гали со главната пејачка на бендот, Едита Арадиновиќ, пали автомобил, пали мажи и сите оние секси и провокативни облеки и потези без кои не поминува нејзин видеоспот.
– „Уно моменто“ е една од оние песни кои ве освојуваат од прва. Да ја слушнам во клуб, прва би станала да играм. Се надевам дека слични реакции ќе предизвика и кај вас. Уживајте – вели Северина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)


