
Судбината на Земјата по нуклеарна војна за прв пат е проценета со помош на компјутерски модел. Глад, смртоносни болести, глобален губиток на озонот до 50 отсто како и многу други појави се само дел од последиците со кои би се соочиле луѓето. Истражувачите се надеваат дека нивната студија која ги прикажува последиците на релативна „мала” нуклеарна војна ќе послужи како предупредување зошто ваквото оружје никогаш не би требало да се користи. Нивното истражување се базира на студија која ги индицира последиците кои би се случиле доколку експлодираат 100 нуклерни глави.
Голем број на уметници прикажале како би изгледала нашата Планета после нуклеарна војна, а сега научниците го направија истото.
Тим од 4 научници од САД наравиле истражување за тоа што би и се случило на Планетата после нуклеарна војна. Мора да се напомене, дека причина плус за ваквото истражување, а воедно и алармирање е актуелната украинска криза, како и фактот дека низ светот се стравува од можен конфликт помеѓу НАТО и Русија.
Тимот од научници анализирал што ќе се случи доколку се фрлени 100 нуклеарни глави, со големина како онаа фрлена на Хирошима.
1.Пет мегатони црн јаглерод во истиот момент би влегол во атмосферата. Црниот јаглерод произлегува од сето она што е запалено. Пред повторно да падне на Земјата тој апсорбира сончева топлина. Дел од тој црн јаглерод ќе се врати на Земјата преку дожд.
2.По една година, просечната температура на Земјата ќе се намали за околу 17 степени. По 5 годни температурата ќе падне за уште 16 степени. А по 20 години Планетата ќе почне повторно да се загрева за да дојде до температура приближна на онаа пред нуклеарната војна.
3.Во период од 2-6 години, растот на вегетацијата ќе се намалу од 10-40 денови во зависност од регионот.
4.Хемиските реакции во атмосферата буквално ќе ја изедат озонската обвивка на Земјата. А по 5 годнини од нуклеарната војна истата ќе се намалува за 20-25 пати.
5.Намалувањето на озонската обвивка ќе резултира со зголем број на луѓе кои ќе заболат од малигни болести, како и ќе се редуцира растот на одредени растенија, а ќе дојде до дестабилизација на ДНК-то кај некои растенија.
6.Најмалку 2 милијарди луѓе ќе гладуваат.
7.Пет години по завршувањето на нуклеарната војна на Земјата би паѓал 9% помалку дожд од вообичаено. По 26 годнни на нашата планета би паѓале околу 4,5% помалку од пред почетокот на војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


