| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон бара од Пекинг и Москва да го вразумат Пјонгјанг

 Белата куќа ги повика Пекинг и Москва да го зауздаат Пјонгјанг затоа што најавата за повторно активирање на нуклеарниот реактор е уште еден показател дека ги крши своите меѓународни обврски.

Не е тајна дека Кина има влијание на Северна Кореја. И претходно ја повикавме Кина и сега го правиме истото. Со употребата на своето влијание да влијае на однесувањето на Северна Кореја. За тоа разговараме и со Русите, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Северна Кореја вчера објави дека повторно ќе го активира нуклеарниот реактор кој беше изгаснат во 2007 година и остави сомнеж дека може да продолжи со осиромашување на ураниум за воени цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top