| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја се заканува: Со хидрогенска бомба можеме да го уништиме Менхетн

Северна Кореја тврди дека може Менхетн да го „срамни со земја“ доколку го погоди со хидрогенска бомба, пренесува „Танјуг“.

severna koreja

– Доколку се постави хидрогенска бомба на интерконтинентална балистичка ракета и го погоди Менхетн во Њујорк, сите луѓе таму веднаш ќе загинат, а градот ќе изгори „до пепел“ – изјави севернокорејскиот нуклеарен експерт Чо Хјонг Ил, објави севернокорејската државна телевизија.

„ДПРК Тудеј“ наведува дека хидригенската бомба на Северна Кореја има многу поголема сила во однос на таа што ја поседуваше Советскиот Сојуз, а која можеше да ги скрши прозорците на зградите што се оддалечени 1.000 километри и да предизвика изгореници од трет степен на одалеченост од 100 километри.

„Вашингтон пост“ пишува дека сепак, постојат многу причини што укажуваат дека режимот на Ким Џонг Ун ги преувеличува своите технички можности.

Пјонгјанг во јануари објави дека извел тестирање на хидрогенска бомба, а повеќето експерти се сомневаат во тоа, бидејќи како што наведуваат, сеизмичките бранови предизвикани од експлозијата се слични на тие од претходните нуклеарни проби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top