Уапсен е балканскиот наркобос Драгослав Космајац, кој српскиот премиер Александар Вучиќ го посочи како балканскиот бос на шверцот со дрога.
Тој најверојатно ќе биде протеран од Црна Гора, поради многуте контроверзии за него, а кои започнаа откако Вучиќ го означи за главен срски нарко бос.
Неговиот син Лазар е пуштен од затвор на почетокот од овој месец, откако бил уапсен поради бегство од сообраќајната полиција. Кога го напуштил затворот, ветил дека ќе замине и од Црна Гора.
Космајац во евиденцијата на српската полиција од 2001-ва поминува како ден од најзначајните трговци на опојни дроги.
Српските медиуми пишуваат дека неговото име го спомнувале и сведоци соработници и обвинети во постапките против Земунскиот клан. Тој бил назначен како личност од која припадниците на овој криминален клан набавувале дрога.
Космајац наводно е поврзан со меѓународното криумчарење на наркотици и во Јужна Америка, а свои канали за шверц на кокаин има од Турција, Бугарија и Македонија, преку Црна Гора и Србија за западноевропските земки.
И покрај податоците кои за него ги има полицијата, тој никогаш не бил уапсен наводно поради недостиг на доволно докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



