| четврток, 6 декември 2018 |

Кавга во ФИФА, се бараат виновниците за авантурата со Катар

Во ФИФА се разгоре битката меѓу Сеп Блатер и неговиот Управен одбор и дел од останатите функционери, кои бараат чесна истрага околу доделувањето на Светското првенство на Катар за 8 години.

Етичката комисија формирана во светската куќа на фудбалот изготви извештај, но наместо како што беше ветено да го објави месецов, го пролонгира за септември. Прв човек на комисијата е обвинителот Мајкл Гарсија, а тој ќе му ги предаде извештаите на судијата Јоаким Екерт. Спорно е и кој е надлежен за да донесе конечна одлука дали има сомнителни работи и корупција при изборот на Катар за домаќин на мундијалот во 2022 година и кој и дали може да се одземе организацијата.

Медиумите открија низа афери и корупција, а поткупени беа високи функционери на ФИФА, кои потоа гласаа за Катар. Сеп Блатер кој е долго ја обавува функцијата претседател на светската фудбалска организација објави дека само Управниот одбор може да носи одлуки, а дел од функционерите бараат етичката комисија да има право да му го одземе на Катар правото да го организира мундијалот, ако се докаже дека на нечесен начин е направен изборот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top