Наполи бара чаре како да го продаде Горан Пандев, а Македонецот не се предава и повторно докажа и на пријателски дуел со Фералпи Сало дека може да игра за клубот од Италија.
Пандев влезе во игра на почетокот на второто полувреме и одигра одлични 45 минути, асистирајќи му на Думитру при вториот погодок. Наполи рутински го победи нисколигашот со 2-0, а Горан се прикажа во добро светло и тоа во присуство на сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Сепак до продажба веројатно ќе дојде, бидејќи македонскиот интернационалец не се вклопува во плановите на Рафаел Бенитез, тренерот на Наполи. Заинтересирана е Фиорентина и уште неколку клубови, но засега трансфер се уште нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)