| четврток, 6 декември 2018 |

Во која земја новинарите се најзагрозени?

ukraina

Украина во првите шест месеци од оваа година е најопасна земја во светот за новинарите, се посочува во извештај на Меѓународниот институт за безбедност на новинарската работа.

Во периодот меѓу меѓу 1 јануари и 30 јуни во Украина биле убиени вкупно седум новинари и нивните асистенти. Во истиот период еден новинар помалку е убиен во Ирак и двајца помалку во Сирија и Пакистан, покажува истражувањето на организацијата, чие седиште е во Лондон.

Бројот на смртните случаи на новинари во светот од 40 во првата половина на 2013, скокнаа на 61 во истиот период годинава.

Мината година во светот вкупно 110 новинари загинале на своите работни места, односно додека информирале од некое кризно жариште во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top