
Со години сте имале секс само со својот сопруг. Можеби толку долго сте биле во брак што веќе имате и возрасни деца. Кога се работи за сексот, сигурно сте ги научиле на основните правила. Но можно е токму вие да не се придржувате до нив со новиот партнер.
Значи, постелата со години сте ја делеле со сопругот, па затоа не е ни чудно што можеби сте се опуштиле и по разводот сте тргнале по нови авантури. Токму поради таквиот брачен однос и поради тоа што веќе некое време по разводот сте биле сами и разочарани, сте заборавиле на основната – безбеден секс.
И додека на своите деца сте им објасниле за важноста на заштитата од несакана бременост и полово преносливите болести, токму вие се однесувате неодговорно. Имено, како што сте користеле заштита пред стапувањето во брак, никако не смеете да ја заборавите ни кога ќе тргнете во нови освојувања.
Не треба да ризикувате и прашајте се што всушност ви значи сигурноста со тоа лице? Не заборавајте на заштитата додека не го запознаете подобро тоа лице што толку многу ве привлекува и не бидете сигурни дека барем некое време ќе бидете заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


