| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Косово подготвено да ги исполни обврските кон меѓународната правда

atifete jahjaga

Kосовскиот претседател Атифете Јахјага денеска на  шефот на специјалниот тим за истрагата на наводите за трговијата со органи Клинт Вилијамсон му порача дека Косово е подготвено да ги исполни своите обврски со цел истрагата конечно да заврши.

Во  соопштението од кабинетот на Јахјага се наведува дека таа на Вилијамсон му кажала дека косовските институции се ангажирани да соработуваат со Специјалната единица за истрагата за да се засилат редот и законот и да се исполнат обврските на Косово кон меѓународната правда.

Јахјага изјавила дека Собранието на Косово го поддржа формирањето на Специјалниот суд и дека во моментот на консолидирање на косовските институции ќе го спроведе ратификуваниот договор, вршејќи ги неопходните законски и уставни промени за да се прилагоди кон формирањето на новиот суд.

Таа изјави дека е ангажирана пристапот на Косово да биде сеопфатен и дека истрагата која ќе произлезе од извештајот на Советот на Европа нема да биде обид да и се суди на војната, туку начин да се истражат евентуалните индивидуални злосторства.

Јахјага на Вилијамсон му дала уверувања дека Косово е подготвено да се соочи со овие обвинувања во рамки на еден кредибилен процес и дека ќе ги исполни своите обврски со одговорност и достоинство тој да заврши и да се засили меѓународната позиција на Косово.

Вилијамсон, кој денеска се наоѓа во посета на Косово и се заблагодари на Јахјага за поддршката која ја дава за Специјалната истражна единица, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top