| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Троицки се врати на терените по едногодишна суспензија

Српскиот тенисер Виктор Троицки го одигра првиот натпревар по едногодишната суспензија која ја доби за одбивање на допинг контрола минатата година.
Тој доби покана да игра на турнирот во Гштад Швајцарија и во првото коло се сретна со Австриецот Доминик Тим кого го совлада со 2-0 (7-6, 6-4) во сетови.
Троицки моментно е 842 место на АТП листата и со освоените бодови сигурно останува во првите 1000 светски тенисери.
Популарниот „Вичо“ нервозно влезе во мечот губејќи го својот сервис во третиот гем. Набрзо се врати и направи брејк доведувајќи го сетот во тајбрејк. Присебноста која го красеше овој тенисер пред суспензијата беше пресудна за освојувањето на првиот сет. Во вториот уште на почетокот покажа дека е одличен тенисер и веднаш направи брејк на сервис на Тим кој е 47 тенисер на АТП листата и успеа да го задржи до крајот на мечот.
Подршка за победата доби од своите сонародници, а неговот соиграч од репрезентацијата Јанко Типсаревиќ не пропушти да
напише на твитер.

janko tipsarevic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top