| четврток, 6 декември 2018 |

Србите во северно Косово се заканија дека може да ја прекинат соработката со ЕУЛЕКС

EULEX

Србите протестираа денеска во општина Зубин Поток, во северно Косово и ја повикаа меѓународната заедница и европската мисија ЕУЛЕКС неодложно и безусловно да дадат можност сите уапсени Срби да се бранат од слобода, а во спротивен случај ќе бидат принудени да ја прекинат соработката со ЕУЛЕКС, пишува „Блиц“.

Тие објавија дека ако „продолжи хајката против Србите, пратениците, градоначалниците и општинските советници ќе го преразгледаат учеството во сите институции на територијата на Косово“.

На протестот под мотото „Сите сме еднакви, кој од нас ќе биде следниот“, тие изјавија дека ако не биде исполнето барањето уапсените Срби да се бранат од слобода, тие со сите мирни демократски средства ќе го изразат граѓанското непочитување на ЕУЛЕКС, полицијата и обвинителството во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top