| четврток, 6 декември 2018 |

Наковска-Бикова трета на СП и со олимписка норма за Рио 2016

Македонската олимписка шампионка од параолимписките игри во Лондон 2012 Оливера Наковска Бикова се заќити со бронзен медал на светското првенство за инвалиди во Сул Германија. Таа со освоената бронза успеа да оствари олимписка норма и за следната параолимпијада што ќе се одржи во Рио де Женеиро 2016 година.
Наковска-Бикова во финална серија во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри оствари резултат од 164,5 круга.
На првото место се пласираше Иранката Сарех Јавардадидодмани со 195,6 круга додека второто место го зазема натпреварувачката од Унгарија Кристина Давид со погодени 192 круга.
Во суперфиналето во кое се натпреваруваат по четири мажи и четири жени, олимписката шампионка го зазема четвртото место.
Во истата дисциплина во машка конкуренција македонските претставници Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфилов испукаа под своите можности и не се пласираа во финалето.
Утре Наковска-Бикова и Каранфилов ќе настапат во дисциплината спортски пиштол, која се стрела од далечина 25 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top