
Кен Хејман, 83-годишниот фотограф пронашол скриено богатство во својата архива. Станува збор за серија црно-бели фотографии под името „Мајка“, кои настанале пред 50 години, а на нив се прикажани моменти на љубов меѓу мајките и нивните деца ширум светот.
Серијата фотографии настанала како дел од проектот „Семејство“, книга која била номинирана за наградата Пулицер, а на која фотографот работел заедно со антопологот Маргарет Мед.
Патувањето почнало на Бали, а Хејман за тоа време посетил повеќе од 60 земји во светот.
Иако овие фотографии настанале пред 50 години покажуваат дека ништо не се сменило – мајчинската љубов е универзална и безусловна, говори на ист јазик, на сите страни на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.













