| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал прави „чистка“, седуммина на излезната врата на Олд Трафорд

Новиот тренер не Манчестер Јунајтед холанскиот стратег Луј Ван Гал веќе донел одлука кои од играчите треба да си бараат нов клуб.
Покрај Французинот Патрис Евра кој е блиску до трансфер во Јувентус, дури седуммина играчи може да го напуштат клубот во летниот преоден рок кој трае до 31 август.
Андерсон, Чичарито, Заха, Нани, Клеверли, Смолинг и Бебе се играчите на кои нема да смета Ван Гал во следната сезона.
Андерсон и Бебе сигурно ќе го напуштат клубот бидејќи не се најдоа на списокот на играчи на новиот тренер за турнејата низ САД.
Останатите пет играчи од овој список ќе имаат шанса да се докажат кај тренерот дека заслужуваат да го носат дресот на „црвените ѓаволи“ во следната сезона токму на оваа турнеја.
Клеверли, Смолинг и Заха се желни за докажување и не им се напушта Олд Трафорд така лесно. Нани и Чичарито се блиску до заминување бидејќи и во претходниот период не се изборија за сигурно место во тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top