Стив Форбс останува претседател на одборот на директори и главен уредник на списанието „Форбс“.
Купувачот е Integrated Whale Media Investments, а износот на трансакцијата не е објавен. Сепак, извори од преговорите изјавија за агенцијата Блумберг, дека компанијата е проценета на 475 милиони долари. Семејство Форбс ќе задржи малцински удел во неа.
Компанијата ќе остане со седиште во САД, но ги објави плановите за меѓународна експанзија. Од Форбс тврдат дека достигнуваат до 75 милиони луѓе во целиот свет преку печатените изданија, сајтови, телевизија, конференции и анализи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



