| четврток, 6 декември 2018 |

Француски рагбисти нападнати со мачети од локална банда во Мило

Тројца француски репрезентативци во рагби преживеале вистински хорор, откако биле нападнати од локална 12-члена банда во Мило. Да биде трагедијата поголема насилниците користеле мачети, а вистинско чудо е како Рожери, Пјер и Кајзер останале живи и без посериозни последици.

Трилингот репрезентативци на „триколорите“ се членови на клубот Клермон, а се враќале од дискотека кон хотелот кога биле пресретнати од хулиганите и нападнати во југоисточниот дел од Франција. Рожери кој е капитен на тимот има 77 настапи за Франција, Пјер 27 пати ги бранеше боите на својата земја, а Кајзер има одиграно 24 натпревари за репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top