| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогба се враќа „дома“

Точно пред 10 години репрезентативецот на Брегот на слоновата коска Дидие Дргба од Марсеј премина во Челси и ги засили редовите на лондонските сини под капата на Жозе Мурињо.
Како пренесува францускиот спортски весник „Лекип“ Дрогба ова лето ќе потпише едногодишен договор со Челси, а по истекот на следната сезона го чека место во стручниот штаб на Жозе Мурињо.
Дрогба го напушти Челси пред 18 месеци и потпиша за Галатасарај каде го одработи договорот до крај. Сега е слободен играч и Мурињо сака да го врати во своите редови. Ова е шанса тие повторно да сорабутваат заедно.
Со овој трансфер очекувано е да Фернандо Торес го напушти Челси и да се врати во редовите на Атлетико Мадрид.
На местото прв играч во нападот прва опција во Челси е новото засилување Диего Коста како и повратникот младиот Белгиец Ромелу Лукаку кој неколку години е на позајмица во клубови од Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top