| четврток, 6 декември 2018 |

Шахтар Доњецк без шест странци, играчите не сакаат да се вратат во Украина

Шест фудбалери на Шахтар од Доњецк не се појавиле на првата прозивка на тимот на подготовките за новата сезона. Тие стравуваа за својата сигурност и одбиваат да се вратат во Украина поради немирите во регионот од каде е клубот.
Се работи за шест странци кои имаат постоечки договор со клубот.
Претседателот на клубот прорускиот сопственик Ринад Ахметов рече дека тие ќе бидат казнети според правилникот на клубот.

– Точно е. Шест играчи не се појавија на почетокот на подготовките. Алекс Тешеира, Фред, Дентињо, Даглас Кошта, Факундо Ферерира и Исмаили ќе бидат казнети – изјави Ахметов.

– Тие имаат договори на кои треба да се придржуваат. Доколку не се појават ќе мора сносат последици. Ако некој мисли да го напушти клубот во неговиот договор има откупна клаузула која треба да се плати. Секој од овие играчи на пазарот вреди неколку десетици милиони евра. Кај нас се е безбедно, се е обезбедено. Не ми е јасна оваа постапка – додаде претседателот Ахметов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top