| четврток, 6 декември 2018 |

Мојес: Наша цел е да ја освоиме Лигата на шампиони

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Дејвид Мојес по синоќешната победа над тимот на Шахтар изјави дека нивна цел е да пробаат да го освојат трофејот во Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд славеа со голот на Фил Џонс, со тоа го обезбедија првото место и го пратија Шахтар во Лига Европа, додека пак Леверкузен со победа над Реал Сосиедад дојде до второто место во групата.

– Целта ни беше да го освоиме првото место во групата, во тоа успеавме, а со победата се вративме во форма. На полувремето зборував со играчите за тоа што ни е потребно за победа. Манчестер Јунајтед секогаш оди на трофеи, тоа ни е задача, затоа ќе ја нападнеме титулата во Лигата на шампиони. Со текот на време ќе бидеме се подобри, но сега одиме натпревар по натпревар – изјави Мојес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top