Францускиот претседател се подготвува да се венча со својата љубовница на неговиот 60-годишен јубилеј, соопштуваат француските медиуми. Ергенот број еден во Франција е опкружен со гласини за неговиот личен живот, откако се раздели со својата долгогодишна пријателка Валери Трирвилор во јануари.
Четириесет и девет годишната Трирвилор замина од Елисејската палата, откако на површина излезе тајната афера на Оланд со 42-годишната актерка Џулиен Гаести. Од моментот на избувнувањето на скандалот до сега, Гаести не се покажуваше многу пред јавноста и упорно негираше дека е во интимна врска со претседателот на земјата.
Познатото француско издание Midi Libre, објави: „Претседателот на Републиката може да ја легализира врската со Џулиен Гаести, ќе се ожени за неа на 12 август, денот на неговиот 60-ти роденден”.
Во меѓувреме, извор од Социјалистичката партија за „Parisien“ изјавил : -Веќе три месеци слушаме дека тој има намера да ја легализира врската со Џулиен Гаести на 12 август, тогаш тие ќе стапат во брак.
Според најновите тврдења, Холанд и Гаести ќе си кажат „да“ на скромна граѓанска церемонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.