| четврток, 6 декември 2018 |

Трпчевски со настап во лондонски „Вигмор Хол“

симон трпческиМакедонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски настапи во престижната сала „Вигмор“ во Лондон, а снимката од неговиот концерт ќе се најде на компакт диск за престижната етикета на „Вигмор Хол“.

Трпчевски, кој досега десетина пати има настапувано на оваа сцена,  се претстави со дела од Брамс, Равел и Пуленк, а воодушевената публика ја награди и со две изведби на бис.

Џесика Дахен, рецензент на најдобрата британска интернет страница за специјализирано новинарство „Артс Деск“ истакнува дека „Трпчески е првокласен виртуоз“, подвлекувајќи во насловот дека станува збор за „македонскиот магионичар чии мирни води длабоко понираат“.

Оваа сезона, Трпчески ќе ја заврши следната сабота во Сонома, Калифорнија каде што со Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар на Чајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top