| четврток, 6 декември 2018 |

Нигериски исламисти убија 40 цивили и запалија десетици куќи

nigerija

Исламистичката милитантна група Боко Харем изврши  масакр во градот Дамбо на североистокот на Нигерија, убивајќи 40 луѓе при што запалиле и десетици домови.

Очевидци и безбедносни извори пренесуваат дека напаѓачите го извршиле нападот во саботата пред зори. Во тоа подрачје нема телефонски сигнал, па никој не можел да повика помош.

Милитантната група која се бори за воспоставување исламска држава во Нигерија годинава без прекин напаѓа цивили пред се во зафрлени региони долж границата со Камерун.
Минатиот месец оваа организација киднапираше повеќе од 200 девојчиња ученички кои се уште се во заточеништво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top