| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за туристички зони во Охрид ќе се реализира без разлика дали ќе се јави на оглас Субрата Рој или не

Проектот за изградба на туристички зони во Охрид ќе се реализираат без разлика дали ќе се јави на оглас Субрата Рој или не, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, објави порталот „Охрид прес“.

– Проектот не е смислен само за него, туку за секој кој има интерес да инвестира во развојот на туризмот во Охрид, што треба да донесе отворање на нови работни места, како и повеќе странски туристи кои ќе придонесат во локалниот и поширокиот економски развој. Земјиштето на кое ќе се градат овие зони ќе биде екпроприрано во согласност со законот, како што се прави во секоја демократска земја кога се работи за интерес на граѓаните, стои во дописот до медиумите од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека земјиштето нема да се откупува по цени од 2-3 евра од квадрат, туку по пазарна цена, при што единечната цена по парцели се движи од 200 до 1.500 денари по метар квадратен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top