Германија, 70 години по неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер, со повеќе манифестации денеска (20. јули) го одбележува отпорот против националсоцијалистичкиот режим, пренесе Дојче веле.
Еден момент во целосен мир, пред сојузниот претседател Јоахим Гаук да положи венец на почесните гробишта во Бендлерблок (компелекс згради во центарот на Берлин, каде е сместено и германското Министерство за одбрана). Тоа е местото каде пред 70 години паднаа истрелите, и беа убиени полковникот Клаус Шенк Граф фон Штауфенберг и уште тројца поддржувачи. Залудно тие се обидоа на 20. јули 1944 година заедно со другите борци од отпорот за извршат атентат врз Адолф Хитлер и да го соборат националсоцијалистичкиот режим.
Церемонијата заврши со изведба на националната химна од страна на оркестарот на војската, со што претставниците на германската влада и на парламентот, како и војници и роднини на членовите на отпорот против Хитлер и националсоцијалзмот, им оддадоа почит на жртвите.
Пред 70 години Хитлер го преживеа лесно повреден бомбашкиот напад во седиштето „Wolfsschanze“ (Волчји ров) во денешна Полска. Планираниот преврат, кој се водеше под името „Operation Walküre“ (Операција Валкири), беше неуспешен. Покрај Штауфенберг во наредниот период беа застрелани или убиени во концентрациони логори уште околу 200 други лица од отпорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.